Ова го тврди првиот заменик претседател на Владата кој вели дека sе разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.
„Во фокус ни е владината програма каде што има утврдени столбови…Нема преговори во однос на химната, грбот, но нема ни табу теми, значи разговараме, пренесе Алсат
Според Изет Меџити, политички договор има за владината програма која што има утврдени столбови како што се економскиот развој, живиотниот стандард, ЕУ-интеграцијата, враќање на правната држава, децентрализацијата, се секојдневно во нашиот фокус и целосно сме посветени на овие столбови.
„За другото нема преговарање, нема политички договор, но како Влада се што е во интерес на граѓаните и државата, разговараме, дебатираме, про и контра, тоа е на ниво на разговори, нема табу теми…Не сакам да навлегувам во нешто за што нема преговори, нема политички договор. Не криеме ништо“, вели првиот вицепремиер Меџити.






