Меџити: Кога има мнозинство со 78 пратеници непотребно е да се размислува за предвремени избори

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните следната година за министерот за животна средина Изет Меџити се само трошок и губење време оти владата е стабилна.

Од деведесеттите досега немало постабилна Влада и немало поголемо мнозинство од ова, 78 и тоа расте, сигурно за кратко време ќе надмине и 80, а тоа е две третини од Собранието. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници е непотребно да се размислува за предвремени изброи бидејќи тоа е само трошок за државата и е губење време. Секое прогласување на избори значи шест месеци пред и по изборите запираат сите постапки, сите јавни набавки, вработувања и тоа многу влијае на економијата и на бизнисот. Со нови избори нема да бидат среќни тие што сакаат да работат, а тоа е бизнисот во оваа држава“, рече министерот Меџити денес по посетата на депонијата „Дрисла“.