Меџити: Истрагата за набавка на штетни деривати ќе оди до крај

 

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вели дека истрагата за набавката на штетни деривати ќе оди до крај, не само затоа што е оштетен државниот буџет, туку пред се е нарушено здравјето на граѓаните.



Според него, ќе се истражат сите случаи каде што имало такви залихи и ќе има правна одговорност, додаде Меџити дека последната истрага покажала дека Владата е посветена на борбата против криминалот и корупцијата без разлика на етничката или политичката идеологија.

„Уште еднаш се докажува дека нема компромис со корупцијата, особено во овој случај кога не е оштетен само буџетот, туку и здравјето на граѓаните. Ова значи дека е двојно важно. Тоа е борба против корупцијата без етнички, идеолошки и сл. Никој не е над законот. Ќе оди до крај по ова прашање. Оштетен е државниот буџет, но и здравјето на граѓаните“, изјави Изет Меџити.Алсат

За криминалот со мазутот, приведени 11 лица