Меџити: Им паднаа маските на Таравари и Ахмети и не им успеа тајниот договор за соработка и уривање на владата!

Лидерот на Демократското движење, од Вреди, и вицепремиер Изет Меџити ги опиша  вчерашните истапувања на Арбен Таравари и Али Ахмети „како паѓање на маските и покажување на  договорот за соработка што го имаа од многу порано, чија цел беше  соборување на Владата“. Ова го објави ТВ Шења, пренесувајќи ја објавата на Меџити на општествената мрежа.



Меџити напиша во објавата: „Вчера паднаа маските: протагонистите од латиносеријата јавно го признаа она што го кажував многу пати досега: дека цело време имале таен договор за соработка. На протагонистите на серијата наречена ‘Уривање на владата, неуспешно’ не им помогнаа бомбастичните говори, ниту прикажувањето како жртви, ниту сервилноста, ниту патриотизмот на батерии. Промената продолжува без лажни херои за еднократна употреба. Промената продолжува како аманет на 107 илјади албански гласачи, кои денес имаат секакво право да се чувствуваат предадени. Борбата против корупцијата нема алтернатива. Но ќе има одговорност за незаконското богатење. За крај: наместо бомбастични говори за наводна борба против корупцијата, ѝ предлагам на опозицијата да ја докаже својата подготвеност за истрага со конкретни акции. Како за почеток, нека им го предаде суперфункционерот на ‘црната листа’ на истражните органи на правдата!“