Меџити и Гаши: Парламентарното мнозинство е стабилно, исто и Владата, таа продолжува да работи со целосен капацитет!

„По оставките од државните функции на кадрите на АА на Арбен Таравари, кои ги напуштија Вреди и владата, се очекува кадрите на АА на Арбен Фетаи заедно со друга група од оваа партија да бидат назначени на истите тие позиции во наредните денови. Тие одлучија да останат во Вреди и во извршната власт.“ – навести Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите на коалицијата Вреди. Ова го објави ТВ Шења.

Телевиѕијата истакнува: „Деновиве се разговара за тоа во структурите на Алијансата за Албанците, каде што Арбен Фетаи го има главниот збор, нормално, како дел од Вреди. Сè ќе остане во рамки на Вреди.“ – изјави Меџити.

Претседателот на Парламентот, Африм Гаши, исто така, ја коментираше политичката состојба. Тој оценува дека парламентарното мнозинство е стабилно и оти Владата ќе продолжи да работи со полн целосен капацитет. „Мнозинството е стабилно. Нема сомнеж дека имаме мнозинство: станува збор за политичка партија, која преминува во опозиција. Има пратеници, кои остануваат дел од Вреди. Владата и мнозинството во Парламентот ќе работат со целосен капацитет.“

Овие комбинации и замени се случуваат, откако лидерот на АА Арбен Таравари ги напушти коалицијата Вреди и владата. Но друга група во АА, предводена од вицепремиерот Арбен Фетаи, одлучи да остане во оваа коалиција и во извршната власт. Азир Алиу ќе го замени Арбен Таравари на позицијата министер за здравство.