Вицепремиерот Изет Меџити за време на претставувањето на Законот за правична застапеност изјави дека донесувањето на овој закон означува историски момент, бидејќи за прв пат правичната и соодветна застапеност како уставна категорија од 2001 година добива јасно и целосно законско решение, иако требаше да биде регулирана со закон од 2003 година. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.
Натаму порталот пишува: „Ова прашање е заложник на политичката волја повеќе од две децении. Предлог-законот гарантира еднаков пристап до вработување и напредување во јавната администрација, правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавната администрација преку обезбедување вработувањето да се врши врз основа на заслугите и квалификациите на секој поединец, создавање институционални и процедурални механизми за избегнување на дискриминација и зајакнување на сеопфатноста.“ – изјави Меџити.
Тој додаде дека конечно со овој закон застапеноста се отстранува од дневната политика и станува законско право за секој граѓанин без оглед на етничката припадност.






