Меџити за Денот на независноста: Денес, 33 години подоцна, многу работи се променија во наша корист

Првиот вицепремиер Изет Меџити во „напад на искреност“ за Денот на независноста 8 Септември ќе признае дека Албанците во Македонија добиле многу во овие 33 години, без да ги спомне во својата празнична објава на Фејсбук.



„Оваа 33-годишнина од независноста нè враќа во времето кога вештачката творба Југославија се распадна, потсетувајќи нè на постојаните неправди што му се правеа на нашиот народ на секој нејзин агол. 8 септември 1991 година обележа нов почеток и ги разгори надежите за враќање на правдата.

Денес, 33 години подоцна, многу работи се променија во наша корист. Продолжуваме со максимална посветеност да ја направиме нашата земја дел од европското семејство, каде што секогаш сме биле и ќе ја имаме нашата земја!“, објави на Фејсбук еден од лидерите на коалицијата „Вреди“.