Никој не им се заканува на ДУИ, туку сами си испраќаат заканувачки мејлови, вели вицепремиерот Иџет Меџити откако неколку пратеници на опозициската партија пријавиле дека добиле заканувачки пораки.



Али Ахмети, Арбана Пашоли, Блерим Беџети, Дијана Тоска, Исмаил Јахоски, Рина Ајдари и Садула Дураки пријавиле дека пред неколку дена на своите службени имејл адреси добиле заканувачки пораки.

„Нив не ги вознемирува и не ги задева никој, тие не се чинител! ДУИ со кибернетски електронски мејлови си се закануваат самите на себе, па го пријавуваат тоа во полиција! Тоа се нивни политички акробации!

Самите ги пишуваат тие електронски мејлови, па ги пријавуваат во полиција. Ним не им се заканувал никој се додека не беа во опозиција, а сега не се некој чинител, што може да го натера некого за закани кон нив.

Тие мора да си се посветат самите на себе, мора да се реформираат.

Треба да се огласуваат со нови идеи, а не со ваквите политички акробации преку електронски мејлови да се закануваат самите на себе и да го пријавуваат тоа во полицијата!, изјави Меџити за ТВ 21.