Меџити до ВМРО ДПМНЕ: УЧК е СВЕТА за сите нас и никој не смее да гиба таму! Албанците се заедно кога е националната кауза во прашање!

„УЧК е СВЕТА за сите нас и никој не смее да гиба таму! Албанците се заедно кога е националната кауза во прашање!“ – со оваа порака до ВМРО ДПМНЕ се огласи Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, во име и на сета нивна албанска опозициска коалиција „Вреди“. Оваа изјава на Меџити, дадена во гостувањето на ТВ Сител, ја пренесува ТВ Алсат.



ТВ Алсат пренесува: Лидерот на Демократското движење Изет Меџити вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува поларизацијата со ДУИ. „Жалиме што како што се приближуваат изборите ВМРО-ДПМНЕ им се враќа на старите практики, кои мислевме дека ги заборавиле. ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува поларизацијата со ДУИ и ова е застарена игра. Албанците се заедно кога е нивната национална кауза во прашање.“ – нагласи Изет Меџити.