Меџити го означи Груби како „дериват на „Жолтата куќа“ во Албанија, каде припадници на УЧК вадеа органи од живи луѓе!

„Ние не негираме дека бевме дериват на ДУИ, но ние не сме дериват ниту на Дик Марти, ниту на ‘Жолтата куќа’. Артан Груби е дериват на Дик Марти, на ‘Жолтата куќа’!“ – со ова жестока реакција се огласи вечерва од Куманово Изет Меџити, лидерот на опозициската албанска партија Демократско движење, како одговор на обвинувањата, кои беа упатени кон него и неговата партија. Реакцијата на Меџити ја пренесе ТВ 21 во својата информација со наслов „Ние сме дериват на ДУИ на УЧК, а Груби е дериват на Дик Марти“. Со својата вечерашна реакција Меџити потсети на тешките, но недокажани сомнежи дека, наводно, Артан Груби бил вмешан во ужасните случувања во злогласната „Жолта куќа“ во Борел, на северот на Албанија, каде што во 90-тите години од минатиот век, според обвинение на Хашкиот трибунал и на Извештај на Дик Марти, специјален истражувач на Советот на Европа, припадници на УЧК сечеле живи луѓе, убивајќи ги така, им ваделе органи и ги продавале на богати „клиенти“ низ Европа…



Во својата статија со наслов „Груби преведувал за ‘Жолтата куќа’, а не во неа“ од 24.11.2020 Дојче веле на македонски јазик има напишано: „Повеќе медиуми, меѓу нив и неколку во * Македонија, пренесоа дека Груби бил ангажиран како преведувач во ‘Жолтата куќа’, сугерирајќи на тој начин дека бил директно вмешан во случувањата во неа.“

Во таа статија ДВ натаму го има објавено и следното: „Жолтата куќа’ во време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место, во кое се вршеле операции за вадење органи од заробеници на ОВК, претежно Срби. За ова злосторство против човештвото пишуваше поранешната хашка обвинителка Карла Дел Понте во својата книга во 2008 година, а случајот, освен српското обвинителство, го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа Дик Марти. Обвинението на Специјалниот суд во Хаг против косовскиот претседател Хашим Тачи се темели врз извештајот на Марти.“  

„Артан Груби потврди дека преведувал за ‘Жолтата куќа’, а не во неа. Тој негира каква и да е своја поврзаност со озлогласената Жолта куќа’ кај Бурел. Тој негира и дека е повикан во какво било својство од Хашкото обвинителство во врска со обвиненијата за водачите на ОВК од Косово. ‘Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму и се утврди дека нема никаков случај.’ – има кажано Груби во изјава за медиумите.“

Во статија со наслов „Во ‘жолтата куќа’ срце се вадеше на живи луѓе, крв бликаше насекаде“ од 27.10.2018 година информативниот портал „Пресинг.тв“ има напишано: „Поранешен српски затвореник, кој во последен момент избегнал да не биде ликвидиран, раскажува страшни моменти, кои ги видел во озогласената ‘жолта куќа’во Албанија. Таму главни егзекутори биле припадниците на УЧК, кои ги убивале затворениците за нивните органи да ги продаваат на богати клиенти во Европа. ‘Започна првиот рез, отприлика над гркланот на предната страна на градниот кош. ‘Лекарите’ говореа: ‘Гледајте да биде прецизно.’ Затвореникот почна да вреска кога почнаа да го сечат.Тоа никогаш нема да го заборавам. Ова често го сонувам.“ – раскажува еден од затворениците. Како главни организатори на нелегалната болница се посочуваа токму сегашните први луѓе на Косово Харадинај и Тачи како поранешни припадници на УЧК.“