„За новата влада на * Македонија преговара победникот со победникот.“ – објави на својот фејсбук-профил Изет Меџити, лидерот на Демократското Движење, кое како партија е член на албанската опозициска коалиција Вреди.
Во објавата на општествената мрежа Меџити натаму пишува: „Вреди, како коалиција на обединетата албанска опозиција, на парламентарните избори на 8 мај се потврди како носител на етничкиот легитимитет кај албанските гласачи. Токму Вреди го воспостави повторно принципот ‘победник со победник’, кој го прекрши ДУИ во 2016 година, бидејќи сега само Вреди е легитимен претставник на албанското мнозинство во * Македонија. Со ова се разрешуваат сите дилеми кој го има легитимитетот да формира влада по изборите на 8 мај.“





