Ова е одговорот на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на новинарско прашања во врска со реакцијата на ДУИ за изјавата на косовскиот премиер Албин Курти.
Курти ја демантира ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија
„Хистерични се. За да сфатите како реагираат ДУИ на овие работи: министрите на ДУИ во минатата влада имаат дадено писмено мислење во врска со балансерот и сите, до еден, дадоа негативно мислење дека на балансерот му е поминат рокот, дека е несоодветен механизам, и истите тие, кога се укина од Уставниот суд, од судии кои беа избрани од нивното мнозинство, тие излегуваат и протестираат зошто се укинува балансерот.
А, самите го барале тоа. Значи, луѓето се во паника, немаат визија и никако да се соочат со новата реалност дека се во тешка опозиција“, изјави Меџити






