Меџити: Бегалецот од правдата Груби е во постојан контакт со Ахмети и раководството на ДУИ! – Се уште се под негово влијание!

Вицепремиерот Изет Меџити во емисијата „Дијалог во Лајм“ рече дека неговиот претходник Артан Груби, кој побегна од правдата во земјава, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, ова се забележува и од начинот на кој функционираат ДУИ и медиумите блиски до неа. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Во веста порталот додава: „Се зборува дека е во Албанија. Груби е во постојан контакт со лидерот Ахмети и раководството на ДУИ. Тие се уште се под негово влијание. Тоа се гледа и во медиумите, на порталите, и во соопштенијата. Го нема, но неговите последици се забележливи и непоправливи.“ – посочи Меџити