Меџити: Ахмети ја предаде војната на Албанците од 2001! – Дење слуша патриотска музика, а ноќе се среќава со Курто!

„Али Ахмети веќе ја предаде војната на Албанците, правејќи коалиции со малцинствата! Тие што слушаат патриотска музика, а ноќе се среќаваат со Дудуш, преминаа од албански национален концепт во некаков божемен граѓански концепт.“изјави лидерот на опозициското Демократско движење синоќа во емисијата „Клик Плус на ТВ 21, реагирајќи на веста дека лидерот на ДУИ Али Ахмети постигнал договор за коалицирање со Курто Дудуш, претседател на ромската партија Сојуз на Ромите и за нејзин влез во така наречениот „Европски фронт“.