Пријава за напад од мечка врз овци во село во општина Гостивар, била примена синоќа на бројот за итни случаи 112,  информираат  Центарот за управување со кризи (ЦУК).



„Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци.
Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС – Гостивар, наведуваат од ЦУК.

 

По утврдувањето на состојбата на терен, ќе се преземат потребни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и од локалната самоуправа.