„Иако се Албанците автохтон народ, без кој не може да постои Македонија и имаат зад грбот две мајковини – Албанија и Косово, не знаат како да го спасат најсветото нешто, што го имаат од наместените противалбански судски процеси – својот мајчин албански јазик!“ – тврди писателот и публицист Ким Мехмети во својата колумна со наслов „Судски процес против најсветото, што го имаме – албанскиот јазик!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
Мехмети пишува: Да бидеш 30 проценти од вкупниот број жители на државата, да имаш зад себе две мајковини – Албанија и Косово – и за твојот јазик да одлучуваат судовите и законите, ова ја објаснува и отсликува политичката беда на еден народ.
Се сеќавате ли колку пати досега челниците на ДУИ се фалеле дека го официјализирале албанскиот јазик и колку пати досега Тирана и Приштина официјално им честитале за епохалното достигнување?! Се сеќавате ли колку пати сме кажувале дека албанскиот јазик не се официјализира на секои четири години за време на предизборните кампањи, ниту со закони и проценти, туку само ако е прогласен како таков во уставот на државата и само ако е третиран како јазик на автохтониот народ, без кој не може да постои Македонија?
Без разлика дали се сеќавате на нашето срамно, политичко минато, или сте го заборавиле, останува вистината дека никогаш не сме разбрале оти на овој Балкан изгледаме помалку, отколку што сме, затоа што живееме поделени во пет земји и дека некои од овие земји ги заплашува нашиот јазик, бидејќи тој е единствената ‘татковина’, што ги обединува сите Албанци. Честопати официјална Тирана и Приштина ги третираат Албанците надвор од границите на Албанија и Косово како безначаен „отпад“ на албанството и денес, како и во минатото.
Третирајќи ги како такви, се случува премиерот на Косово да ја поддржи најзасрпската влада, што ја имала Македонија – Владата на ВМРО-ДПМНЕ со безвредната албанска Вреди во неа. Официјална Тирана стои зад ‘Европскиот фронт’, кој ја направи Македонија дел од српскиот свет – на „Отворениот Балкан“, но оставајќи ги Албанците овде во речиси смешна позиција: иако се 30 проценти од вкупниот број жители на земјата, имајќи зад грбот две мајковини – Албанија и Косово, да не знаат како да го спасат од наместените противалбански судски процеси најсветото нешто, што го имаат – својот мајчин албански јазик!
Најчитани статии
Осудениот криминалец и јутјуберот воопшто не побарале дозвола од министерството за финансии
Канал 5: Министерството за финансии ќе истражува дали Боки 13 и Лазаров го кршат законот
Џихадистичка милитатна група бара помош од Албанците муслимани во Македонија, Албанија и Косово





