Македонските претставници во машкиот дел од Лигата на ракометните шампиони викендов беа специјализирани за реми и за драми. По Вардар и Металург денеска одигра нерешено 28-28 кај Мотор.
Сините дефинитивно треба да жалат што не славеа на гостувањето во Украина зошто во финишот на првиот дел водеа со 9 разлика, на полувремето заминаа со 6 (18-12), а водството го чуваа до пред самиот крај кога не материјализираа. А сите коцки се наместија. Мотор на сила изедначи на 26-26, но и се потроши, па Металург даде, гол, втор и имаше чиста контра за трет во низа. Но таа беше промашена по што домаќинот изедначи, ние немавме решение во долгите напади и на крајот се повикавме на рамката од голот која не спаси во последната секунда.
Најдобри поединци кај Металург кој денеска од клупата беше воден од Александар Јовиќ беа Гуглета и Јагањац со по седум гола и голманот Арсиќ со 12 интервенции.





