Аргентинецот побарал во новиот договор, што фановите на каталонскиот гигант го очекуваат од летоска, да биде вментан член односно клаузула која ќе му овозможи да го напушти клубот кога тој самиот ќе реши. Во Барселона се уште не се изјасниле за оваа желба на својата икона, но тешко е да се поверува дека и на „големиот“ Лионел Меси ќе му биде дозволено такво нешто бидејќи тоа би ја ставило Барса во нелагодна и подредена положба, настрана што потоа, при таква ситуација и не би била наплатена вистинската отштета.
Инаку Меси пред неколку дена рече дека сака да заигра за Њуел Олд Бојс, клубот од кој потекнува, а потоа дополни дека тоа нема да биде на залез на каиерата, туку додека е се уште во полна форма и добри години. Низ Шпанија шпекулираат дека желба за преселба од Барселона во Аргентина има пред се кај неговата сопруга Антоанела.