По четиримесечните преговори, германската канцеларка Ангела Меркел постигна коалициски договор со социјалдемократите на Мартин Шулц.
Коалицијата со СПД, инаку поранешен парнер на ЦДУ, ѝ обезбеди четврт по ред мантадат на канцеларката Меркел на чело на Германија.
Ангела Меркел и Мартин Шулц, лидерите на најголемите партии во земјата, постигнаа договор за политиките што ќе ги преземат за следните четири години и за поделбата на министерските места.
Ова е трета коалициона влада на ЦДУ и СПД од 2005 година.
Коалицискиот договор, на цели 150 страници, кој вклучува политики агенди и поделба на ресорите во кабинетот во новата влада, ќе биде потпишан деновиве.





