31-годишен Мексиканец бил уапсен вчера поради обид за киднапирање на домашен комерцијален лет во Мексико и пренасочување на авионот кон САД, објавија мексиканските власти и авиокомпанијата Воларис.
Откако летот тргнал од Леон за Тихуана, Мексиканецот, идентификуван од властите само како Марија Н, ја нападнал стјуардесата и се обидел да упадне во пилотската кабина, пишува ABC News.
Авионот бил пренасочен кон Гвадалахара, каде што бил уапсен од припадници на мексиканската национална гарда.
Точниот мотив останува нејасен, но федералниот оддел за безбедност на Мексико објави дека персоналот на авиокомпанијата рекол дека човекот тврди дека близок роднина бил киднапиран и дека добил смртни закани доколку отпатува во Тихуана непосредно пред поаѓањето.
Мажот патувал со сопругата и двете деца, соопштија мексиканските власти.
Откако осомничениот бил уапсен во Гвадалахара, авионот го продолжил летот за Тихуана без дополнителни инциденти, објави ABC News.
На социјалната мрежа Икс е објавено и видео од обидот за киднапирање на авионот.






