За денеска сакаме да ви предложиме рецепт од вегетаријанската кујна, а тоа е вкусната медитеранска салата.
Состојки:
-100 гр. црвени пиперки испечени, исецкани
-1 лажичка оригано
-1 лажица маслиново масло
-200 гр. доматен сос
-300 гр. компири млади, исечени на половинки
-25 гр. маслинки црни, исецкани
-1 лук истолчен
-1 кромид исецкан на тенки полумесечинки
-босилек неколку ливчиња

Начин на подготовка:
Загрејте масло и пржете го кромидот 5-10 минути додека не омекне. Додадете го лукот и ориганото и пржете уште една минута. Додадете ги доматите и пиперките, зачинете со сол и бибер и гответе околу 10 минути. Во меѓувреме сварете ги компирите и исцедете ги. Помешајте ги со подготвениот сос и додадете ги маслинките и сецканиот босилек.





