Ова го изјави поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев партискиот конгрес на партијата Единствена Русија во Кремљ , објави германската новинска агенција ДПА.
Медведев во петокот рече дека е неопходно да се развијат регионите кои се веќе припоени кон Москва – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.
Патем, тоа искуство би можело да биде од помош доколку кај нас се појават уште нови региони кои се многу блиску“, што, како што рече, е сосема можно.
Медведев останува влијателен како претседател на партијата Единствена Русија и заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија.
Кремљ, кој започна војна против Украина во февруари 2022 година, под изговор дека го штити цивилното население што зборува руски во Донбас, досега само делумно зазеде четири региони, но бара нивно предавање од Киев како предуслов за мировни преговори.
Москва постојано се заканува со дополнителни анексии доколку Украина не го прифати барањето.






