На гласачко место во Чаир била пронајдена испукана димна бомба, регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче и прекршување на изборниот молк со оставени летоци на автомобили, информираа од МВР.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, гласањето се одвива мирно без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач, велат оттаму.
За сите овие настани, како што информираа од МВР се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територија на општина Чаир се забележани летоци кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графити. На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, вели портпаролот на МВР.

Home Македонија МВР: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место, фотографирање гласачки ливчиња, летоци...





