Оперативците на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го стегаат обрачот околу кртот кој ја провали акцијата против скопските нарко кланови.
Истрагата на МВР точно утврдила кој членува во малата група која најпрвин преку свои луѓе во полицијата открила а потоа и ги информирала луѓето од скопските нарко кланови дека им се подготвува апсење.
Полициски извори тврдат дека еден од луѓето кој бил дел од групата ,,кртови” веќе е на радарот и наскоро тој ќе се соочи со правдата.
И покрај тоа што Марко клановите Грчец и Беланоца дознаа за акцијата сепак МВР успеа со промена на планот да уапси голем број осомничени за тешки кривични дела.






