МВР: 250.000 граѓани до крај на годинава да извадат нови возачки со новото уставно име

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име на државата, согласно со промената на Законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои сè уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват до истекот на рокот, со цел да не се создава непотребен метеж.



Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење, соопшти МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски минатата недела информираше дека досега се заменети околу 750.000 возачки дозволи, а потребно е да се стигне до милион дозволи, штро значи дека во следните три и пол месеци треба да се заменат 250.000 возачки дозволи. Тој најави дека наскоро МВР ќе почне кампања со цел да ги поттикне возачите навреме да ги сменат