Американските медиуми објавија дека познатата пејачката Мајли Сајрус (25) тајно се венчала со актерот Лијам Хемсворт (34).

Папараците на порталот TMZ ги фотографираа пејачката и актерот како пешачат, а на фотографиите јасно се гледа прстенот на раката на актерот.
На фотографиите објавени од страна на Били Реј Сајрус, таткото на поп пејачка, Мајли е во бел фустан, а нејзиниот татко додаде коментар, “Ако ти си среќна, и јас сум среќен”.
Мајли и Лијам ја започнаа својата романса во 2009. година додека го снимаа филмот „The Last Song”. Три години подоцна објавија дека се свршени, а веќе следната година ја раскинаа свршувачката.
Но, дека сепак не можат еден без друг сватиле во 2015. година. Кога ја обновија својата романса, Мајли повторно почна да го носи свршеничкиот прстен. Близок извор на двојката тврди дека и венчавката веќе се случила, и тоа веќе ова лето, на плажа во Австралија.





