Маск „малку ќе ја смали улогата“ во владата на Трамп

Извршниот директор на компанијата за електрични автомобили Тесла, Илон Маск, најави дека има намера значително да ја намали својата улога во американската влада за да посвети поголемо внимание на својот бизнис, пренесуваат светските агенции.



Неговата „Tesla“ објави загрижувачки финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година.

Профитот на американскиот производител на автомобили од јануари до март падна за 71%, при што компанијата заработи 409 милиони долари во споредба со 1,4 милијарди долари во истиот период минатата година.

Акциите на компанијата изгубија речиси 40% од нивната вредност од јануари.

Промената околу Tesla, некогаш скапоцен камен во круната на либералните Американци,  несомнено е поврзана со однесувањето на нејзиниот основач Илон Маск во текот на изминатата година, коментираат аналитичарите цитирани од Ројтерс и Блумберг.

Iзвршниот директор на компанијата, Илон Маск, нагло ја смени својата политичка ориентација, трошејќи милиони за кампањата на претседателот Доналд Трамп и поддржувајќи ги екстремно десничарските кандидати во Европа.

Ова отуѓи многу од прогресивните и центристички купувачи кои некогаш се ределе за Tesla, коментираат финансиските публикации.

Гневните потрошувачи одговорија со масовни протести пред канцелариите на Tesla и продажбата падна.