Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

Поранешниот фудбалер на Вардар и на тогашна Слога Југомагнат, Масар Омерагиќ, извесно е дека ќе биде новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија со оглед на тоа дека е единствениот кандидат за наследник на Муамер Сејдини, кој си поднесе оставка.



Комисијата за избори и верификација во рамки на ФФМ го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски сојуз Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Омерагиќ за претседател на Федерацијата на Вонредното изборно собрание закажано за 22 декември.

Омерагиќ има поддршка од македонските фудбалски легенди Горан Пандев, Илија Најдоски, Ѓорѓи Христов, Агим Ибраими итн.