Модрата слива е едно од овошјата карактеристични за средината на месец август и почетокот на септември исклучително е популарни кај нас. Мармаладот од црни сливи се подготвува релативно брзо.
Потребни состојки:
-6 кг. модри сливи
-1,5 кг. шеќер
-1 – 2 кесички ванилин шеќер
-30 – 40 мл. рум
-2-3 лажици сок од цеден лимон
-1 – 2 лажици цимет

Сливите убаво се мијат, се пресекуваат на половина и им се отстрануваат коските. Потоа се мелат во машина за мелење месо и добиената кашеста смеса се става во тенџере на оган. Во смесата се додаваат шеќерот и ванилиниот шеќер, а останатите состојки со кои би се збогатил и подобрил вкусот на мармаладот се ставаат на крајот пред да се тргне од оган.
Јас го додавам само румот, но вие слободно можете да додадете тоа што сакате бидејќи нема правила кои мора да се почитуваат, сѐ е по вкус и желба.
Откако мармаладот ќе се свари (се познава по добиената густина) се собира во топли тегли кои убаво се затвораат.
Од добиената смеса се добиваат 6 големи тегли од по 1 кг. мармалад, или 12 до 13 мали теглиња од по ½ кг.
Во зависност од потребите може да ја зголемите или намалите дозата на состојките.





