На македонската подружница на глобалниот гигант Кока Кола и се случува маркетинг фијаско откако муштерии забележаа дека во кампањата за привлекување на нови корисници и промоција на нови техники на маркетинг ги навредија сите граѓанки со име Наталија.
Една Наталија на социјалната мрежа Твитер забележува дека буквата Т во нејзиното име кое е на пакување на Кока Кола од половина литар е погрешно напишано.
,,Вчера сестра ми ми го купила. Името ми го утнале со неправилна буква Т. Еве вака се “чува” јазикот”, напишала навредената Наталија.
Со користење на неправилно напишана бука Т на кирилица ракописно сега Наталија станува Намалија.
Ова покажува дека Кола Кола која е доминантна на македонскиот пазар на освежителни пијалоци и добива најголем профит шер од овој бизнис најмила маркетинг агенции и експерти за реклами кои не се Македонци или Македонци кои не си го знаат сопствениот јазик.
Експерти за маркетинг кои го знаат македонскиот јазик или кои прашале како се пишува Наталија немало да направат ваква грешка која се поврзува и со влијание на една странска соседна земја која не и е наклонета на Македонија.
Навидум неважната дебата на социјалната мрежа Х поранешен Твитер ја следат речиси 9000 луѓе.
Наведената Наталија која сега на шега се нарекува Намалија на овој линк на Х
https://x.com/hulahopka/status/1931410786968109376?t=3yyNPiowElY-xaDdsu96tg&s=19
Најчитани статии
Скандалозно: Зошто Кока Кола користи бугарски букви на производи за македонски пазар?
Дебакл на една од најмоќните светски компании во Македонија
Повик за бојкот за Кока Кола во Македонија, причината политичко – маркетиншка
Другарите не можеа да го спасат, полицијата сепак стигна до него
Без милост: Од меч за висок ризик исфрлен навивач со маица со симболите на УЧК (ВИДЕО)






