Заглавија разговорите за ротација меѓу ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ, а од партијата на Бојко Борисов ГЕРБ, синоќа соопштија дека нема договор со ,,Продолжуваме со промената” за нов кабинет.
Вицепремиерката Марија Габриел, која по оставката на премиерот Николај Денков по 9 месеци на власт, согласно постигнатиот договор требаше да ја предводи владата, изјави дека е подготвена денес напладне да го добие и веднаш да го врати мандатот за формирање влада од претседателот Румен Радев.
Габриел ја обвини ПП-ДБ дека ја турка земјата кон нови избори, бидејќи не се согласува со ниту еден нејзин предлог за новиот состав на владата.
„Доколку утре до 12 часот, „Продолжуваме со промената“ сака да ја споделува одговорноста во заедничката влада, можеме да разговараме. Во спротивно, ќе го вратиме мандатот, а нема да има влада со мандат на ПП“, категорично изјавија од ГЕРБ.





