Министерството за здравство соопштува дека на денешната седница Владата ја разгледа и одобри Информацијата за состојбата во хируршките клиники при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје во врска со проблемот со компресорската станица.



Ова го изјави д-р Маја Манолева, В.Д. министер за здравство за ТВ21 кажа дека се работи на утврдување на проблемите, но и дека се бараат решенија за проблемот со компесиран воздух на хируршките клиники..

„Испитувавме што доведува до оваа миризба, но не откривме. Имаше мерење на неколку точки, но истовремено се прави увид на целокупната инсталација на хируршките клиники. Во консултација со експретски тимови кои прават увид во инсталации, бев инфомирана дека поради пречникот на таа инсталација, со мал дијаметар, не може да се изврши увид и инспекција на инсталацијата“, рече Манолева.

Од Министерството за здравство велат дека на седницата на Владата биле донесени следните заклучоци:

Се најавува дека јавните установи од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, заводот и скопскиот ургентен центар мора да ја заменат опремата на централната компресорска станица со нова опрема, како и да ја заменат инсталацијата и распоредувањето на централната станица на компресорот;

„Се најавува дека јавните здравствени установи за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, заводот и Ургентниот центар Скопје, во рок од една недела до Владата на Република Македонија достават оперативен план за реализација на активности“, се наведува во соопштението.на Министерството за здравство.

Пред три дена, заменик министерката Манолева издала наредба универзитетските клиники лоцирани во објектот на хируршката клиника во Клиничкиот центар да започнат со операциони сали со надворешни компресори и со контејнери за компримиран воздух.

Министерството за здравство ќе им наложи на клиниките да набават надворешни компресори за да функционираат ургентните објекти.