Манекенка по 30 години открива дека Трамп сексуално ја вознемирувал

Поранешнa манекенка го обвини Доналд Трамп за сексуално вознемирување на настан што се случил пред три децении, откри Гардијан.



Според весникот, овој наводен напад се случил во кулата Трамп во Њујорк на почетокот на 1993 година, а Стејси Вилијамс вели дека отишла кај републиканскиот милијардер на покана на американскиот финансиер Џефри Епштајн.

Кога пристигнала, Доналд Трамп наводно ја повлекол кон себе, допирајќи ги нејзините гради, како и половината и задникот.

Таа, вели дека била „многу вознемирена“ .

Епштајн, финансиер со моќни економски и политички мрежи во Соединетите држави и во странство, самиот беше обвинет за сексуално злоставување и силување млади девојки, но неговото самоубиство со бесење во затвор во Њујорк во август 2019 година ја задуши јавната акција против него.

Вилијамс вели дека во 1993 година Трамп на нејзиниот агент му испратил разгледница за неа на која имало љубовна порака.

Според Гардијан, Стејси Вилијамс (56) го открила ова за време на онлајн разговор со групата наречена „Преживеани за Камала“, која се опишува себеси како коалиција на преживеани од сексуален напад и го поддржува демократскиот кандидат на изборите.

„Идејата за ова чудовиште да се врати во Белата куќа е мојот најлош кошмар“, рече Вилијамс, која тврди дека се чувствувала понижено по наводниот напад, верувајќи дека била жртва на „болна игра“ меѓу поранешниот американски претседател и Епштајн. .