Мали дај ваму раката да се поздравиш со тета (Едно фото илјада зборови)

Интересен момент фатија фотографите на средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел што се одржува во Париз во пресрет  на 14 јули, Денот на Бастиља – национален ден на Франција.



Во еден момент кога Макрон не ја забележува и е свртен кон новинарите Меркел се обидува да се поздрави со домаќинот но нејзиниот обид не завршува веднаш успешно.

Уметничкиот наслов на оваа фотографија сигурно би бил: „Мали дај ваму раката да се поздравиш со тета“.

фото Радио Франс Интернационал