Најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир која беше речиси убиена од куршумите на Талибанците во 2012 година кога се бореше за правата на жените во образованието, тргна на Оксфорд. Малала Јусафзаи, започна да студира на престижниот универзитет, но нејзините почетоци таму не минаа без проблеми.



Сега веќе 20 годишната активистка на првиот ден од предавањата дојде во тесни фармерки и чизми со високи штикли, што веднаш се појави на социјалните мрежи. Таа фотографија беше причина злобните јазици да започнат со критика бидејќи Малала ја заменила традиционалната пакистанска облека со модерна.

Нејзина желба беше пристапувањето на колеџ да мине незабележано, но сликите предизвикаа силни реакции во нејзината родна земја.

Малала е во Велика Британија веќе пет години и во нив постојано носеше марама која и ја покрива косата, но и тоа не беше доволно за конзервативните муслимански елементи во Пакистан, но и на островот. Тие сега најдоа нов начин да ја омаловажат, а сето е порвзано со облекување.
„Токму тоа е причината зошто таа беше застрелана во главата“, напиша еден корисник на Твитер, и уште додаде: „Лицемерно е Малала да носи панталони! Дали таа воопшто е муслиманка“.

Малала инаку ќе студира филозофија, економија и политика, практично истите области на кои дипломираше поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто која во 2007 година беше свирепо убиена од истите елементи во азиската држава.