Претседателот на Франција на крајот на дводневната посета на Србија, во објава на српски јазик на социјаните мрежи му се заблагодари на Александар Вучиќ за топлиот пречек.
„Почитуван Александар, драг српски пријател, ви благодарам за толку топлото добредојде. Значително ги подобривме односите меѓу Србија и Франција. Ќе продолжиме. Имате пријателство и почит од Франција, како и од мене“, напиша Емануел Макрон на својот Инстаграм профил, пишувајќи порака на српски, а потоа и на француски.





