Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа мора „повторно да развие вкус за ризик, амбиција и моќ“ и да ја отфрли зависноста од Соединетите Држави, пренесува BFM TV.
Изјавите на Макрон доаѓаат во време откао Доналд Трамп ја доведува во прашање актуелната политика на САД кон Украина и Русија и ја преиспитува посветеноста на трансатлантската безбедност.
Говорејќи за време на дводневната посета на Португалија, Макрон истакна дека Европа мора да биде „пообединета и посилна од кога било“ и да преземе одлучувачки чекори во технолошкиот, индустрискиот и одбранбениот сектор.
„Гледам многу луѓе во Европа кои велат: „Мораме да бидеме љубезни со Американците, ќе помине, мора да се усогласиме“, рече Макрон.
Сепак, тој додаде дека „покорувањето не е решение“, предупредувајќи ја Европа дека „не смее да западне во вазални односи“. Неговата изјава доаѓа во контекст на европските дискусии за зголемување на трошоците за одбрана со цел зајакнување на сопствените капацитети и поддршка на Украина.
Посетата на Макрон на Португалија уследи по неговото патување во Вашингтон, каде што се обиде да го убеди Трамп да се посвети на безбедносните гаранции за Украина по војната.
„Според извори од ЕУ, францускиот претседател не успеал да добие јасни ветувања од Трамп, а неименуван европски функционер ја опишал неговата посета како „губење време“, пишува Politico.






