Ова го изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Германија, пренесе Ле Монд.
Според него, Европејците не водат војна против Русија и рускиот народ.
„Горд сум што ние, Европејците, од првиот ден одлучивме за санкции против Русија.
Како Европејци, уште од првиот ден решивме да ја поддржиме Украина.
Денес и утре ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина онолку долго и колку што е потребно. Ќе и помогнеме на Украина да се одбрани, да ја одбрани својата земја и да ја браниме нашата безбедност“, рече Макрон.
Тој ја потврди поддршката на Европската унија за Украина наспроти руската агресија и ја истакна потребата од воведување подобра европска одбрана, повторувајќи дека „Русија ќе биде таму утре, задутре“ и дека Европа треба да размислува за сопствената одбрана.
Макрон пристигна во Германија на 26 мај во прва државна посета на француски претседател по 24 години на средби со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц.
Распоредот на Макрон вклучува состанок на заедничкиот совет за одбрана и безбедност што треба да се одржи денеска.






