Единствена причина поради кога бугарскиот премиер не треба да оди во Скопје е непотпишување на договорот за пријателство со Македонија, е советот кој што на Бојко Борисов му го упатуваат негови блиски соработници.
Сопственикот на агенцијата Фокус, Красимир Узунов кој во времето на комунизмот работел во службата за државна безбедност во секторот за Македонија сега на премиерот на Бугарија му препорачува да оди да го потпише договорот со Заев но и да се подготви за протести за време на неговото патување во Македонија.
Протестите можат да бидат организирани од ВМРО – ДПМНЕ чиј лидер според Узунов се плаши од Борисов но и од ГРОМ на Стевче Јакимовски а можни инциденти се очекуваат и од активисти во Охрид кои што најавиле и блокада на патишта доколку во договорот има штетни клаузули за Македонија.
Узунов во изјава за медиумите вели дека Блаже Конески е всушност Бугарин кој студирал во Софија како Благој Конев по што подоцна го измислил непостоечкиот македонски јазик за кој сега се расправаат двете земји.
Најстрашно од се според Узунов е што Бугарија во Македонија се соочува со незнање односно лошо образование. Тој цитира анкета според која 47 % од Македонците ја познаваат историјата на Србија додека за односите со Бугарија и бугарската историја познавање имаат само 13 %.





