Македонските љубители на ракометот ја затрупаа вебстраницата на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) на Фејсбук со жестоки реакции по натпреварот со Холандија, во кој во главната улога беа данските судии Мадс Хансен и Јеспер Мадсен:



„Ете зошто ракометот ќе си остане мал и непознат спорт. Победникот го избираат судиите, а не играчите. А исто така и Скандинавците плус Холандија сега играат најздодевен run and gun ракомет без никаква тактика, без никаква креативност и секогаш се наградени за тоа“;

„Срам за ракометната игра!!! Од првата до последната минута данските судии калкулираа со нивните одлуки! Од прва до последна минута тие го контролираа резултатот во корист на холандската репрезентација!

И нормално е публиката да биде незадоволна, бидејќи македонските навивачи ги разбираат ракометот и ракометната игра. Тие луѓе патуваа над 1.000 километри за да навиваат за своите миленици и на вас господа од ИХФ е да го разубавите Светското првенство со прекрасна атмосфера. Нека ви служи на чест, овој ракометен натпревар е најголемиот срам за Светската ракометна федерација“;

„Срам од судии. Зошто не делегиравте српски судии за овој натпревар? Многу е сомнително што ставивте дански соседни судии“;

„Судиите завршија работа“;

„Играч на натпреварот кај Холандија беа судиите од Данска. Срамно. Судиите ќе го уништат ракометот“;

„Македонија ги исфрли Фарски Острови (данска територија) во квалификациите. ИХФ одреди дански судии за натпревар на Македонија. 13 пенали, 10 суспензии и 2 црвени картона против Македонија. Македонија можеше против Холандија, но не и против судиите. Срамота“;

„Холандија треба да се засрами од ваква победа. Најлошите судии во историјата на ракометот, буквално им дадоа да победат. Тие дури не се ни обидоа да ја скријат корупцијата“;

„Каков е тој ракометен натпревар со 13 пенали за еден тим? Најлошите дански судии на сите времиња, мизерија за Интернационалната ракометна федерација“;

„Добро сработено ИХФ, одигравте за Холандија“;

„Три минути напад за Холандија. ИХФ мафија“ итн.