Партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин која е забранета упатува директна порака до Европската Комисија која теоретски зборува против омразата не не прави ништо да го спречи говорот на омраза упатен кон Македонците во Бугарија и сите Македонци каде и да живеат.
ОМО Илинден Пирин на Меѓународниот ден за борба против говорот на омраза смета дека ЕУ не спречува односно дозволува говор на омраза против Македонците каде и да се и ја прозива Европската Комисија за толерирање на оваа појава.
,,European Commission – некои само зборуваат дека постои омраза, додека ние македонското малцинство во Бугарија (а, изминативе години) и целиот Македонски народ, сме мета на ОМРАЗА и ГОВОР НА ОМРАЗА, и таа омраза е дозволена и толерирана и од највисоките инстанци на земјата-членка на ЕУ – 🇧🇬 Бугарија.
ОМО Илинден Пирин ја прозива и најстарата европска организација Советот на Европа за која смета дека може да го превенира говорот на омраза против Македонците.
,,Доволно е да се спроведат пресудите против Бугарија од Европскиот суд за човекови права (Council of Europe) – но ниту тиe не се спроведени во пракса”, смета ОМО Илинден Пирин која во својата објава ги користи хаштазите
Say #NoToHateSpeech, today, and every day!
#WeExist
#wearemacedonians
#macedonianminority in #bulgaria
Теоретски Европската Комисија со овие зборови повикува против говор на омраза:
Нема место за омраза, во која било форма, во кое било општество.
Говорот на омраза не е нов. Но, неговото ширење и обем се зголемија со постојано растечката употреба на онлајн платформи.
Оставен неконтролиран, говорот на омраза поттикнува конфликти и сее поделби. Може да го загрози мирот и човековите права.
Можете да преземете мерки за да помогнете во борбата против говорот на омраза на интернет:
✅ Предизвикајте ја омразата со факти;
✅ Поддржете ги оние што се цел на омраза;
✅ Споделувајте пораки за толеранција и еднаквост;
✅ Дајте приоритет на позитивната содржина на вашите профили на социјалните медиуми.
На овој Меѓународен ден за борба против говорот на омраза, ја потврдуваме нашата посветеност на неговото искоренување, во сите негови форми.
Во Европа, имаме конкретни рамки за ова, вклучувајќи:
🔹 Повелба на ЕУ за основните права
🔹 Закон за дигитални услуги со кој се бара од платформите брзо да го отстранат нелегалниот говор на омраза
🔹 Кривични закони што забрануваат поттикнување на омраза
Кажете #НеНаОмразата, денес и секој ден!
Објавата на ЕК во овој линк
https://www.facebook.com/EuropeanCommission/videos/1076463224340684






