Македонци повредени во сообраќајка кај Банско

Четири лица се сместени во болница во бугарскиот град Разлог, откако синоќа пред полноќ со автомобил излетале на патот Добриништа – Банско по што возилото неколку пати се превртело.



Две амбулантни возила од Банско и од Разлог веднаш се упатиле кон местото на несреќата, а пожарникари морале да го исечат покривот од автомобилот за да ги извлечат трите мажи на возраст од по 48 години и една жена на возраст од 41 година, јавува БГНЕС.

Повредените не се во животна опасност.

Постои сомневање дека можеби причина за несреќата е дека возачот користел алкохол, за што се прават испитувања, пренесува бугарската агенција.