Македонци од Бугарија го чествуваа роденденот на Гоце Делчев

Обединетата македонска организација „Илинден“ – ПИРИН ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев пред неговите споменици во Благоевград и во месноста Папазчаир кај градот што го носи името на револуционерот.



„4 февруари 2025 год. – Благоевград

Македонци, симпатизери и членови на ОМО ‘Илинден’ – ПИРИН му оддадоа почит на апостолот на македонската револуционерна борба, човекот кој се заколна дека …додека неговото рамо крепи пушка, Македонија нема да биде достапна за бугарските офицери…, Гоце Делчев.

Говор одржа г-дин Ангел Радонов“, објави партијата на Фејсбук.