Македонско девојче на олимписката прослава на српските кошаркари во Париз (ВИДЕО)

Една од најубавите македонски песни ,,Македонско девојче” беше вчера на репертоарот на олимписката прослава на српските кошаркари во Париз.



Меѓу песните кои вчера ги пееја српските кошаркари по победата против Германија и освоениот бронзен медал беше и ,,Македонско девојче”.

Меѓу тие што ја пеат македонската песна е и селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ.

Дали песната која ја пееше и главната ѕвезда Никола Јокиќ на репертоарот дошла само поради својата музичка убавина или и поради некоја друга индивидуална љубов кон ,,Македонско девојче” не е јасно.

Македонско девојче е песна која важи за народна песна а е компонирана и напишана од Јонче Христовски во 1964 година.

За прв пат истата година таа е објавена на сингл плоча а ја пеела Виолета Томовска.

Видеото од песната на српските кошаркари на овој линк:

https://www.facebook.com/share/r/rYbTnDxiZg5s8wDn/?mibextid=oFDknk

Уште една интересна песна пееле српските кошаркари

Покрај ,,Македонско девојче” Јокиќ и другарите пееле и песна што нема да им се допадне на американците (ВИДЕО)