Македонските патриотските здруженија го бојкотираа денешниот протест на ВМРО – ДПМНЕ

Најголем дел од „Македонските патриотски здруженија“ каде што претежно членува членство на ВМРО – ДПМНЕ денеска го бојкотираше протестот пред кривичниот суд во Скопје.



Патриотските здруженија кои што беа формирани во повеќе градови во Македонија и во странство во текот на изминативе неколку години и пред ланските парламентарните избори денеска одлучиле да го бојкотираат протестот на кој повика ВМРО – ДПМНЕ затоа што партијата „ги предала луѓето кои што ги бранеле националните интереси на 27 Април“, велат членови на едно од здруженијата за expres.mk.

Патриотските здруженија не можат да ја заборават изјавата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Груевски кој што вечерта по враќањето од Виена каде што беше за време на настаните од 27 април во Собранието, се огради од насилството и се дистанцираше од луѓето „кои што извршиле насилство“.

Се додека за тоа Груевски и ВМРО – ДПМНЕ не се извинат и не пружат максимална и морална поддршка за сите уапсени и судени, најголем дел од патриотските здруженија ќе ги бојкотираат активностите на опозицијата.

На 4 април годинава во Велес беше одржана средба на „МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ“ кој што е чадорот преку кој во еден сојуз се обединија сите македонски патриотски здруженија во Македонија.

Сојузот е формиран од 24 македонски патриотски здруженија:

МПЗ Пере Тошев Прилеп,

МПЗ Андон Ќосето Велес,

МПЗ Тодор Александров Битола-Скопје,

МПЗ Васил Чакаларов Тетово,

МПЗ Владо Черноземски Куманово,

МПЗ Непокор Струга,

МПЗ Славчо Абазов Кочани,

МПЗ Апостол Терезиев Гевгелија,

МПЗ Лазар Поп Трајков Градско,

МПЗ Димитрија Чуповски Чашка,

МПЗ Мише Развигоров Штип,

МПЗ Дамјан Груев Делчево,

МПЗ Илинден 1903 Крушево,

МПЗ Непокор Струга,

МПЗ Јане Сандански Ново Село,

МПЗ Методиј Патчев Охрид,

МПЗ Христо Татарчев Ресен,

МПЗ Славчо Абазов Кочани,

МПЗ Ангел Винички Виница,

МПЗ Атанас Бабата Пробиштип,

МПЗ Никола Карев Чешиново Облешево,

МПЗ Коста Мазнејков Струмица,

Здружение на воени инвалиди 2001 Велес, и БЕДЕМ.