Професорката по уставно право и поранешна членка на Венециската комисија, Тања Каракамишева, очекува од македонските партии да ја отфрлат уцената од партиите на Албанците – и од власта, и од опозицијата – за коалицирање во Влада само ако во иднина претседателот на државата се избира во Собранието, а не на непосредни избори, како (до)сега.
„По сложното фрлање ракавица во форма на УЦЕНА од страна на албанските партии, ОЧЕКУВАМ сложно враќање на ударот од страна на МКД-партиите дека нема да толерираат ретроградни демократски предлози спротивни на европските вредности! Јасно е дека уцената е повик за бојкот во вториот круг!“, оценува Каракамишева на Твитер.






