Мекедонскиот Мото тим составен од тројца возачи беше извонреден на почетокот од последната рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Вредни остварувања имаа Христиијан Бузалковски кој забележа победа во класата SP125 и Игор Спиров кој беше најдобар во класата F1000. Слободан Ивчевски во истиот натпревар беше десетти.
По втората победа во сезоната Бузалковски е трет во генералниот поредок и има шанси за титулата, а Ивчевски води во послабата, со осетна разлика пред Бугаринот Данаилов додека Спиров е трет.




