Македонскиот пасош на 81-во место по моќност во светот

Македонскиот пасош овозможува влез без виза во 132 држави. Нашата земја го дели истиот резултат како Тонга и Гватемала, според индексот „Nomad Passport“ за 2025-та година, што го состави компанијата „Nomad Capitalist“ и цитиран од „CNBC“.



Ирска е држава со најмоќниот пасош во светот.

Рангирањето на „Nomad Capitalist“ анализира пет критериуми:

– Патување без визи – 50 отсто

– Даноци – 20 отсто

– Перцепција на светот – 10 отсто

– Можност за двојно државјанство – 10 отсто

– Лична слобода (слобода на медиумите, задолжителен воен рок и сл.) – 10 отсто

Во минатото често се случувало две држави да ја делат првата позиција.