Македонскиот пасош втор по вредност во Западен Балкан, зад српскиот

Пасошот на Република Македонија е на делба на 34. место меѓу патните исправи на 198 земји опфатени со рангирањето на „Паспорт индекс“, позиција што ја споделува со Ел Салвадор, Гватемала и Тајван, чии граѓани можат да патуваат слободно во 133 држави.



Со македонски пасош без виза може да се влезе во 83 земји во светот, во 50 таа се добива на граничниот премин, а во 65 во дипломатско-конзуларното претставништво надлежно за државава.

Со индексот 133, патната исправа на Македонија е втора по вредност во Западен Балкан, зад таа на Србија со индекс 138 (90 земји без виза, 48 виза на граница и 60 во амбасада), а пред Црна Гора со 132 (84 – 48 – 66), Босна и Херцеговина со 125 (78 – 47 – 73), Албанија со 124 (78 – 46 – 74) и Косово со 93 (53 – 40 – 105).

Од опкружувањето повредни пасоши имаат Грција со индекс 178 (129 – 49 – 20), Хрватска со 176 (125 – 51 – 22), Словенија со 175 (125 – 50 – 23), Бугарија со 174 (122 – 52 – 24), сите заедно подобри од САД со 173 (123 – 50 – 25)!

Највреден пасош во светот е тој на Обединети Арапски Емирати, со кој без виза може да се влезе во 133 држави, во 47 таа се добива на граничниот премин, а за 18 во дипломатско-конзуларните претставништва.