Првиот македонски претставник на 23. Зимски олимписки игри во Пјонгчанг, Ставре Јада, заврши последен меѓу 79 натпреварувачи со пласман во квалификациите во крос-кантри спринтот.
Деветнаесетгодишниот крушевчанец патеката од 5 километри ја истрча за 4:23,85 минути, заостанувајќи 1:15,31 мин. зад најдобриот во квалификациите Ристомати Хакола од Финска.
Од 80 учесници што стартуваат и ја завршија трката без пласман остана само Кинезот Чингхаи Сун, кој беше дисквалификуван.
Јада, кој го носеше македонското знаме на свеченото отворање и е праправнук на претседателот на Крушевска република, Никола Карев, ќе настапи и в петок во трката на 15 км, за која има исполнето олимписка А-норма.
Ден претходно, в четврток, на патеката треба да се појави и единствената македонска спортистка на овие Игри, Викторија Тодоровска (17), која ќе трча во квалификациите на 10 км.





